Категории

11 ДАЛЕЧНИ ДЕСТИНАЦИИ ЗА КОИ НЕ ВИ ТРЕБА ГОЛЕМ БУЏЕТ

Доколку сте млади, веројатно имате желба да патувате, но не располагате со премногу буџет. Далените дестинации секогаш изгледаат привлено и егзотично, па многумина сонуваат да ги посетат но се осмелуваат бидејќи сметаат дека ќе им треба вистинско мало богатство. Сепак, постојат земји во кои патувањето може не ве чини толку многу. Можете да резервирате авионски карти порано (доколку упорно пребарувате на порталите како Skyscanner), можете да спиете во хостели, но подеднакво е важно и кои земји сакате да ги посетите. Погледнете ги нашите предлози и испланирајте го следниот егзотичен одмор!

Индонезија

„Јади, моли се, уживај“ е лоцирана во Индонезија, но тоа не е сè. Оваа земја нуди многу повеќе, вклучувајќи го и тоа дека не е воопшто скапа. Целосна вечера чини околу 13,500 индонезиски рупии, што е околу 50 денари.

2

Камбоџа

Камбоџа е задолжителна на листата на сите патници кои располагаат со мал буџет. Можете да ги видите античките урнатини на Анкор Ват (на сликата подолу), да нуркате за малку пари, или да ги посетите беспрекорните плажи – сè е многу достапно. Оброк во ресторан најчесто чини до 250 денари, а можете да најдете пиво и за 15 денари!

3

Виетнам

Со една реченица, Виетнам ќе ве запрепасти. Подолу можете да го видите Ха Лонг, тиркизен залив кој е долг повеќе од 900 километри и е исполнет со огромни варовнички острови, а постојат и други слични прекрасни глетки низ целата земја. Цените се многу прифатливи: една порција храна вообичаено чини 22,000 виетнамски донги, или околу 50 денари.

4

Лаос

Лаос е југоисточна азиска земја позната по своите прекрасни планини, будистички манастири и „пловечки“ забави, каде што пловите по река и посетувате многу барови и ресторани попатно. Сместувањето ќе ве чини од 500 до 1500 денари од вечер, а можете да купите улична храна за околу 50 денари.

5

Тајланд

Иако Тајланд стана прилично позната туристичка дестинација и не е толку евтин колку другите земји од југоисточна Азија, сè уште е многу достапен. Една соба (во таканаречените куќи за гости) во поодалечените делови од градовите ќе ве чини само 135 тајландски бати, или околу 200 денари.

6

Индија

Прекрасна, величенствена земја. И, ако знаете како да се движите наоколу, ќе го искористите паметно секој денар. Чинија топла чорба и ориз чинат околу 40 индиски рупии – што е околу 30 денари. Можете и да се качите на воз и да патувате наоколу неколку денови за само неколку стотини денари.

7

Непал

Да, имаше голем земјотрес во Непал во април 2015 г., но земјата е сè уште отворена за туристи. Всушност, голем дел од нејзината економија зависи од туризмот, па Непалците ќе бидат многу среќни ако ги посетите (најдобро е да одите после септември, затоа што претходно е сезона на монсуни). Непал е рај за оние кои што не сакаат да потрошат премногу. Еден оброк чини 120 непалски рупии (околу 50 денари), а погламурозна вечера со три оброка чини околу 400 денари.

8

Никарагва

Многу луѓе велат дека Никарагва е новата Костарика, што значи дека оваа дестинација ќе стане многу популарна во блиска иднина. Затоа, сега е најдобро време да ја посетите! Откако ќе пристигнете таму, нема да имате многу трошоци. Земјата е позната по авантурите на отворено, особено сурфањето – а можете да добиете кревет во хостел за околу 250 денари.

9

Гватемала

Овие водопади се уште поубави во живо. Оваа земја е позната по прекрасните пејсажи и интересните рачни изработки. Тука можете да најдете безброј дрвени склуптури и украси на пазарите за време на викендот. Исто така е и многу достапна – добар оброк ќе бе чини околу 150 денари, а и сè останато е доста евтино.

10

Хондурас

Ако им се спомене Средна Америка повеќето од луѓето помислуваат на Костарика или Никарагва. Но, Хондурас станува една од популарните дестинации за младите авантуристи кои доаѓаат само со ранец. За среќа, Хондурас е многу достапен – добра локална храна чини околу 65 хондурски лемпири, што е околу 150 денари.

11

Перу

Што и да правите, не заборавајте да го посетите Мачи Пикчу. Тоа е едно од најмагичните градби во светот. Останатите делови од Перу се подеднакво интересни – а исто така и прифатливи. Такси околу Лима (тура околу целиот град) е околу 25 перуански нуевоси (околу 350 денари).

12

Прегледи:
626
Објавено на:
28.02.2016