Категории

Ким Кардашијан ја откри својата тајна, како ослабе над 20 килограми

Ако некој е подготвен сите свои приватни работи да ги сподели со јавноста, тогаш тоа е Ким Кардашијан, но во морето од се и сешто Ким одлучи да му каже на светот како за рекордно кратко време симна повеќе од 20 килограми.

При последната бременост Ким се здебели 28 килограми, а осум месеци потоа ги изгуби речиси сите. Останаа само уште неколку килограми вишок кои таа ќе ги симне во наредниот краток период. Имала супер рецепт – салата. Но не било каква!

Тоа е салата која сите овие месеци била база благодарение на која успешно го доведе своето тело во состојбата пред бременсота. Не гладувала, а со додатни вежби денеска повторно изгледа фасцинантно.

Може да помислите дека цел тим работи на нејзиното тело, но знајте дека само со силата на својата волја таа се довела во фит форма. Тоа сите го знаеме зошто никој тренер место нас нема да работи вежби или да гладува.

Но,Ким дефинитивно не гладувала, не со ваква салата.

Ким се одлучи за Атконсоновата диета, но салатата, како што вели е најзаслужна за нејзиното успешно слабеење.

Но, нејзиниот рецепт звучи привлечно зошто салатата е само од три состојки: листови спанаќ, пилешко на скара и фета сирење со дресинг.

Едноставно, здраво, хранливо и вкусно и на крај ефективно. Вистинска бомба!

Прегледи:
348
Објавено на:
28.08.2016